мене (зам.) - нека (чест.)

Мене нека ме отепа, си велам, не ми е многу дојдено до живеење, ама ќе го отепа и Мисајлета Ковачот. На права правина. А што ми е крив човекот?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
"Убаво", велам, "ако си другачка, испрати ми ги тие песнопојци, и мене нека ми испеат една, па и јас да имам со што да се пофалам".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кој е со мене нека дигне рака и нека стори гајрет за последен пат, нека го спреми оружјето; барем да ги продадеме кожите поскапо.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе го разбудам, ќе го разбудам па што сака нека ми прави, мене нека ме отепа. (Потрчува да влезе кај Анѓелета, но во тоа време Митре влегува со брзи чекори и со секирата во раката).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)