мене (зам.) - отколку (сврз.)

Можеби заради мојата болежливост брат ми беше понежен кон мене отколку кон другите сестри, и пред заспивање секогаш ме бакнуваше в чело, некако скришум, бидејќи мама се потсмеваше на секој негов гест на блискост со мене, па тој нежноста кон мене ја покажуваше само тогаш кога таа беше надвор од домот – кога одеше да риба подови во домовите на богатите или пак да им помага на дедо и на татко во продавницата за ткаенини.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со завршувањето на најраното детство завршија и моите болувања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така тој, Змејко, не можеше да останува кај мене предолго иако се гледаше дека има поголема потреба овојпат вистински да биде со мене отколку што јас ја имав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)