мене (зам.) - додека (сврз.)

И во писмата до мене додека беше во Маказар и еве во ракописов.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ако таа беше со мене додека ги пишувам овие редови сево ова веројатно ќе излезеше сосема поинаку.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Наташа Му благодарам на татко ми кој беше со мене додека ја пишував оваа книга за да го прашам за сѐ што не можев да се сетам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Лично одговарам за него - цимоли растревожениот Ристе и дури не се ни свртува кон мене додека се обидувам да ја подигнам барем малку онаа страна на колата што ја има пригмечено бутната коска на Огнена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност проблемот е во тоа дека некој треба неа да ја извлече додека јас поткревам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се чинеше повеќе изненаден одошто збунет.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Како да сакавте нешто да ми речете кога побаравте да ги земам свеќите од ранецот? - прашуваше свртен кон мене додека ги клаваше свеќите во саксијата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сепак длабоко во душата бев горд што ќе разговара со мене додека сите мои врсници од улицата ѝ праќаа кришум љубопитни погледи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Чекав да видам друго, сонував зрелост на 'рж во плетенки, два златни блиска преку ленена кошула, и сонував очи што беа пред тоа над мене додека лежев под дебелата, покривка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби им рече на Самарија и на Арнаутче и тие да чучнат, да си поразговараат малку со составени глави, и можеби првиот веднаш почна да раскажува во што згрешил господ кога го создавал и кога го средувал светов (ќе се обесам ако на светов нема премногу иловица и камен!), но јас не се потпрев со дланки на прозорското дно за да зјапам во безделничењето на луѓето и да ги гледам како три згрбавени врани со сити црева.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Колку дена бдеела врз мене додека сум бил во бунило, додека не се знаело дали ќе останам или ќе си заминам?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Со овој мој татко понекогаш многу полесно се разбирам, одошто со мама, - си помислив, замолувајќи го да остане малку со мене додека да ме фати првиот сон.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)