мене (зам.) - дека (сврз.)

После соочување со вакви моменти, многу ми е страв кога ќе појдам на некоја театарска претстава и на крајот на истата ќе си признаам на себе или на оние околу мене дека не можев ништо да разберам.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Што сакаш, да ме убедиш мене дека гледаш пет, или навистина да видиш пет.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не татко, согласи се со мене дека ова е најдоброто решение.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тропаат лажиците и виљушките, ѕвонат гласовите, а нејзе ќе ѝ прокапе некоја солза од радост и среќа, додека ме кара мене дека, ете, лубеницата не сум ја доизладил како што треба, а сто пати ми рекла да донесам уште мраз.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Ибн Бајко”, се почеша кајмакамот зад уво, „сѐ ми се чини мене дека ти нешто тенко предеш.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Упростено, зборува за мене дека сакам спонтаност и случајност.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ова се однесува и на нас, луѓето, поточно на нашата најголема скапоценост, умот!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И тие се однесуваат како и машините: различни марки но работат на исти принципи и постигнуваат слични ако не и исти резултати.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе се согласиш со мене дека и нашите умови не се разликуваат којзнае колку.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Никого не обвинува, ни Господ што ја зеде толку млада, ни татко кој веројатно можеше повеќе да стори освен таа една доза пеницилин од Америка, а не верувам ни мене дека ме обвинува од што немав доволно време за повеќе да ѝ се посветам.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Еднаш дури изјави пред мене дека токму нејзиното однесување, однесувањето на Рајна, го спасило бракот на онаа божемна Генералица која којзнае што сѐ си замислувала.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Јас бев радоста за неговите очи“, еднаш се пофали пред мене Рајна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)