мене (зам.) - речиси (прил.)

Излезе еден другар, потоа јас, а по мене речиси сите излегоа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Одевме и јас во носниците го чувствував познатиот, за мене речиси анестетички мирис на лакот за железнички прагови; од детството тој мирис ме возбудувал, ми носел возбуда како да сум пред голем и непознат пат, ми ги опивал сетилата и ми создавал раскошни визии.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дечко ми живее кај мене речиси два месеци. Малку ми здодеа од него. Заедно сме по дваесет и четири часа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ние се построивме и Мајка почна да зборува Кој пукаше во Ѓорче Петров нека излезе настрана.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Го врза магарето за стреџерот сред дворот, го симна детето од магарето, ја фрли гуната назад на нагарето врз товарот и мене речиси ми свика: - Оди, за да имам по кого да ви влезам во куќата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)