мене (зам.) - неочекувано (прил.)

А.А., за мене неочекувано го замени вообичаено негативниот пристап со неутрално, реално претставување на православната компонента во албанскиот идентитет: - Христијанското албанско православје и покрај тоа што постои уште од I век од новата ера, првата православна литургија на албански јазик се одржала во Бостон, во државата Масачусетс (САД) во 1908 година во редот на група албански емигранти предводени од албанскиот преродбеник Фан Ноли (1882 – 1695), подоцна делегат во Лигата на народите, архиепископ на независната Православна црква на Албанија, а во еден период и премиер на Албанија, врвен поет, преведувач на Шекспир и Сервантес на албански јазик.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Можеби и не е најомилениот, тој подоцна, откако беше во Прага, рече дека таа е негова прва љубов, но Лондон ептен го сака.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Анѓелот што вчера наврати кај мене неочекувано ја дофати мојата изненада и ја фрли далеку, многу далеку, како топка како детска играчка.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Бев кај Ивана на гости. Таа се пресели од Алма Ата во Англија и мене неочекувано ми се отвори шанса да го видам најомилениот град на брат ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)