мене (зам.) - еднаш (прил.)

Мене еднаш еден ми вели, слушај сине, кажи му на тато дека се јави чичко... му го заборавив името, и ми рече да ти кажам, го измочкал камчето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Е, па браво, сакав да му речам, алал вера, а си мислев, што ми е бре мене гајле за твоето камче, откачи се!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Дедо, - замолив, - дај ми и мене еднаш да пукнам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И оти мене еднаш не ми излева од умот?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како што течеше од мене еднаш крвта, полека и сигурно, како што беа сигурни и истрелите на зелените шлемови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ме убеди тој мене еднаш кога требаше да се враќам дома од кај него, попатно така чисто да провериме што се случува со мене кај тој човекот кој, демек, чистел од зло и од црни магии.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Потем, како се што е ретко и несекојдневно, тоа дојде како луња по благ ветрец: вљубен ли сум? или чинам она што мене еднаш ми е сторено?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- И мене еднаш ми се случи.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)