мене (зам.) - дома (прил.)

Ја викав кај мене дома често за да ѝ помогнам да го преброди тоа и заедно да учиме, но, не успеав ништо да изменам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Ќе дојдеш ли со мене, кај мене дома, - ме праша Марина кога бевме кај првата раскрсница, - јас не седам веќе овдека, се преселивме со баба ми, - ми рече таа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Така и беше: дојде како никаде да не бил, како од никаде да доаѓа; така влезе кај мене дома, дури и без да чукне; го спушти куферот, ме прегрна и потем јас долго плачев во неговата прегратка, а тој ме тешеше и ми ги бришеше солзите; велеше: „Ништо, ништо не е тоа; само минале годините; ништо страшно не е тоа“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа попладне кај мене дома дојде Земанек и ме извика; ми рече да дојдам со него, оти има нешто што би сакал да ми го покаже а што сигурно ќе ме развесели.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Побарав од Земанек да отрча до кај мене дома, да ми го земе саксофонот и да ми ги спакува неопходните работи во торбата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нејќам со компири, туку месо со праз.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Појди кај мене дома и речи: „Ме прати Арсо, се пишманил, нејќе за ручек месо со праз, туку месо со компири.“
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Имав многу причини да бидам задоволна поради неговото заминување.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нема нервози, нема караници, нема кој да ми влегува без дозвола во собата, сѐ ќе ми биде на свое место, нема кој да ги зафркава моите другарки кои понекогаш мака мачат со шегите на брат ми, а понекоја од нив дури се срами да доаѓа кај мене дома зашто е тој „од големите”, а ние сме „од малите”...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Зар неа да ја увредам? Па таа двапати идеше во Стрелеско кај мене дома да ми носи апчиња. Не сум јас без осет.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сега доаѓате кај мене дома само за да ми дадете професионален совет. Благодарам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ја повели, седни и малку леб и сирење касни, да еве кај се стемнуат и ќе си ојме у мене дома, да тамо ќе се разбериме за сѐ што има да нѐ прашаш и да те прашаме.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се смрачило и си го зеле мажот и жената Силјана, та си го однесле дома.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Штом ќе свршеа часовите, дотрчуваше Калчо кај мене дома.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)