мене (зам.) - негов (прид.)

За мене неговата работа е недвосмислено висцерална и хумана.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И не му велам дека е кич, зошто така да му речам кога не сум сигурна дали е или не е?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во последниот негов труд, Оддалечено тело, Стеларк користи екран на допир, Интернет и своето тело приклучено на стимулатори на мускули, со тоа овозможувајќи му секому, каде и да е на светот, да го истегнува телото на уметникот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Понекогаш и сензуално, но толку длабоко допира до мене што и кога не е до мене неговата светост тлее во просторот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
За право да зборуваме, и мене неговата омилена музика не ми е баш многу по волја, ама кога сум со него, не ми пречи да ја слушам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)