мене (зам.) - чувство (имн.)

Но тоа не е најстрашното. Пострашно е она другоно: не сум сигурен денес, но не бев сигурен ни тогаш, колкаво беше и дали воопшто постоеше во мене чувството на прогонет.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој човек – тревка на старата фотографија, предаден на моментот и на себе си, како впрочем и сите тие непознати судбини, фатени во еден миг на својот, за мене недофатлив, живот, го засилија во мене чувството за неповторливоста на допирот, звукот, мислата.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Седев во фотелјата и ја гледав птицата која неколку мига стоеше на една гранка на разлистаното дрво пред прозорецот, а потоа се вивна кон синото небо во кружен лет и побуди кај мене чувство на радост од слободата на летањето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ја гледав птицата која неколку мига стоеше на една гранка на разлистаното дрво пред прозорецот на мојата канцеларија, а потоа се вивна кон синото небо во кружен лет и побуди кај мене чувство на радост од слободата на летањето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)