мене (зам.) - ум (имн.)

Сета ваша големина значи била во довербата што сте ја имале кон целта што сакавте да ја постигнете!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А мене умот на В'мбелската Планина ми е пренесен.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не ми соли мене ум!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа борење за мене беше фатално, до утрината целата долна облека што ја имав беше натопена, не заспав воопшто.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сега барај си ум и куртулисај се. Од мене ум не барај!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Сѐ е под клуч, што се вели, целиот свет се држи заклучен, а мене умот ми е надвор избеган.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште еднаш отидовме во касарната, а мене умот ми се вртеше, не можев да одам како што треба.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)