мене (зам.) - твој (имн.)

Го слушам како се тркала, како се мачи да стигне до мене твоето тихо ало, твоето сонливо и тркалезно о, и веднаш потоа, како измамник, како крадец, ја спуштам слушалката, го поземам од неа уште недоразбуденото и тркалезно о, го стискам во дланките, легнувам со него во постела, го покривам и саноќ го милувам, И кога помислувам дека заспало веќе - тоа како светулка ќе ми светне во мракот и ми се крие меѓу прстите...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ме чуди мене твоето спокојство!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)