мене (зам.) - рака (имн.)

А јас, ете, на мене раце - пиралки, на син ми плешки - биволите да не се измерат со него, и пак ништо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А јас, ете, на мене раце - пиралки, на син ми плешки - биволите да не се измерат со него, и пак ништо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Станавме; тој ме фати за рака; но одеднаш, се случи нешто чудно: мене рацете сами ми тргнаа кон неговото лице, и веќе во следниот миг јас го гушкав и го прегрнував.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- А за што ми се мене рацете? - праша Малчо. - Да правиш злато.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
— Руки к верху40, ми вели стражарот, а мене рацете ми се фатени со лебот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие ни го подадоа цвеќето, а мене рацете ми се зафатени со друго.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)