мене (зам.) - живот (имн.)

И вториот: Веќе два пати за мене животот има завршено: еднаш, во 1945 година кога татко ми повеќе не можеше да ми овозможи да продолжам да учам така што морав да ѝ се вратам на земјоделската работа којашто не успеав ни да ја засакам ниту пак на неа да се навикнам и, вториот пат, кога почина жена ми оставајќи ме како чкор в планина по кого што никој жив не ќе се наведне да го земе за макар каква употреба ама јас и сам си го имам кабаетот зашто немав пари да му го платам лекот за да си ја излечам женат на Војаната, душманиот на мојот татко заедно со оној Трајка Казиовски од Ливаѓе и сега и мои душмани.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не му стоев на патот: за мене животот беше веќе одамна изминат, некаде меѓу моето матурирање и заминувањето на Јан.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имале право моите, светот нема да ми побегне, допрва е пред мене животот и патувањата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ни на сон не ќе можев да поверувам тогаш дека за сосема кусо време толку многу ќе пропатувам и ќе видам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Прости ми, но тоа не може да го стори ниту твојата љубов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во мене веќе сѐ е мртво. И веќе ништо не може да го врати во мене животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А зошто ми е после мене животот?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Арно ама, кога го ставиле првиот камен пред нејзините нозе со црвени налани, се сетила на своето чедо кое како мало кученце имало обичај да ѝ ги грицка обувките.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не убивајте ме: мене животот ми е многу мил.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зар мене животот не ми беше граница?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)