мене (зам.) - некаков (зам.)

Оп! Гледам пред мене некаква трага. Да, да тука не многу одамна поминало некое зајаче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не ги разбирав сосем, а сепак како да се разгрнуваше пред мене некаква темнина, како да надоаѓаше некаква силна светлина.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
— Јас ни жниа, ни врша, та од мене некаков аир нема да видиш; токо, како шо рече сам, сме поминале како луѓе, та дојду да те вида.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стигнува набргу А.А. Запира пред Х.Х., го повикува настрана, разменуваат невидум од мене некакви ливчиња.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Оној третиот Пенчо што го знаев - сонот на моето детство, бестрашен и силен, господар на сите деца од улицата, со параден војнички чекор, слободен од стегите на уличиштето - полека гаснеше во мојата свест и оставаше во мене некаква празнотија на измамен човек, навреден до солзи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)