мене (зам.) - го (зам.)

Пејсажот пред мене и околу мене го сочинуваат две неодредени бои: една бледо потемна и друга бледо посветла.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Пред мене го имам твојот осврт кон студијата „Анатомија на власта“ од Галбрајт и оној суптилен есеј за тоа како гледале на власта Исус и неговите ученици, посебно Павле.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој свет околу мене го правеше уште пооскуден тоа што јас во дворот излегував околу пладне, кога горештината ќе стегнеше и кога животот замираше до крајна граница.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но тоа од мене го бараше Партијата на Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сега тоа од мене го бара една девојка која не ја љубам, како Луција, но ја сакам; зошто да не ѝ го исполнам тоа?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А можеби, заради мојата приврзаност кон брат ми, ме мразеше мене затоа што беше немоќна да ја мрази онаа заради која нејзиниот златен Зиги се одвојуваше од нас; тој започнуваше друг живот, градеше нов свет во кој ние можевме да бидеме само попатни минувачи, во нашиот свет тој сега избираше да биде само гостин, а мојата мајка, ако ја замразеше Марта Бернајс, не можеше ништо да ѝ стори, отровот кон љубената на брат ми никогаш не би стигнал до неа и би останувал во мајка, и затоа ме избираше мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Многу ми е тешко што си заминуваш,“ реков, и почнав да го кинам џепчето од фустанчето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сакав да му подарам нешто, а ништо немав, и помислив да го откорнам џепчето од црвеното фустанче кое пред мене го носеа моите постари сестри.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш се обидував да ја разгатнам омразата на мојата мајка, јас, која бев можеби нешто како дупка во која може да се фрли сопственото црнило, и помислував дека таа во мене го мразеше мојот татко, својот стар сопруг, постар и од нејзиниот татко, можеби со омразата кон мене го гаснеше својот копнеж да има маж на своја возраст уште пред тој копнеж да се распламти, можеби ме мразеше не самата таа туку онаа нејзина дамнешна болка, родена од присилата предвреме да ги прекине своите девојчински мечтаења, и да му се повинува молчејќум на стариот сопруг, да живее во сиромаштија и во таа беда да раѓа и израснува деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Македонци, чеда мои, сакајќи тогаш од душите да ви ги растерам сенишатата на неразбирањето и стравот од бесмислата, неподготвен и збунет, наместо да ви понудам утеха, јас и кај себе ги разбудив демоните.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Наместо со разочарување поради неумесниот и празен одговор што му го дадов, тој ме погледна со љубов, со тага и со сочувство, оти во мене го виде истиот сомнеж кој го имаше и тој во душата, па потем ги спушти очите надолу и веќе не ме праша ништо...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Нашето пријателство згасна во сенките на игривоста од лажни нежности Ти, не постоиш! - а од мене го повлече чувството на најбогат човек...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Јас и судбината, танчерка бездушна, со палци мирот во мене го откопува...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тој во мене го одржуваше жив интересот за палестинското прашање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нашата средба беше куса, срдечна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Можеби,“ ѝ реков наведнат над цедињата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со кикотот замолкна за кратко, а потоа направи изненадувачки пресврт во гласот и над мене го слушав нејзиното кажување со зборови раскршени како срча: „Еве, цицај и мисли дека ја задоволуваш мојата потреба за мајчинство само за да се ослободиш од вината која, знам дека ти тежи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не знам, можеби ми рече или така ми се причини тогаш, додека симнат на подот на коленици ги средував цедињата паднати од наткасната, кога над мене го слушнав нејзиниот глас: „Нино, можеби ти не се познаваш ни самиот себе.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мене го дал господ, бре кузум, токо дојдов да се видиме и да куртулам селаните од овие пезевенци, вашите спаии, бре!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„До што има расипан диференцијал во Онтарио, кај мене го носат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во мене го селам на душите препевот на претците гревот и кога те напуштам и кога те очекувам како мугра лелекам и не преболувам само меѓу луѓето да ме распознаваш...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кога се повратив, што се вели, кога ми се врати плавта, пред мене го гледам целиот иследнички штаб.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа би требало да значи дека „дружењето” со мене го става на прво место.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не знам како сите успеваа толку лесно да му потпаднат под влијание, а мислев само со мене го може тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дури чичкото кажал дека било големо чудо што јас не сум умрела, затоа што тој во последното водење љубов, во мене го засадил плодот, па ако се фател, од самата магија можело да умрам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)