мене (зам.) - ги (зам.)

Се запрашував како да живеам без него, Тој кој во мене ги пробуди сите чувства, тој кој за кратко ме направи толку среќна.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Зад мене ги слушнав криковите на Кена и повеќе ниту ја слушнав, ниту ја видов.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Устата ми беше полна со залак што не се голта, а е сладок, и затоа сакав да го задржам што подолго за да му ги ишмукам сите сокови кои беа крепителни за мојата душа и за моето тело, кои ме придвижуваа одвнатре и од мене ги исфрлаа сите непотребности, сите горчини, отрови, пизми, сите стравови и неизвесности; јас тогаш не бев Нинослав од денот што го оставив зад себе, јас бев нестварен но, во исто време, свој и најсвој, исполнет со крв и пламен што беа мои и што ми ги движеа дланките по жената меко распослана над мене, по нејзините коси, по рамената, по грбот, по задникот и надолу по бутовите, и пак назад за да може да продолжи играта што Ема ја очекуваше: од основата на задникот благо но долго, низ одмерени интервали, да ѝ ги ширам, да ѝ ги поткревам и пак благо да ѝ ги спуштам двете крушкасто заоблени и топли половини во чиј засек во исто време ѝ се придвижуваа, се подотвораа и повторно, се собираа скриените, најинтимните устинки на нејзиното тело.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Зад мене ги слушав чекорите и здивот на ѕвероглавите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Младиот човек во униформа ми пријде, ми го побара билетот, внимателно го разгледа и ме замоли да појдам кон Терминалот С (with bus).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Одвреме навреме, гласните повеќејазични разговори околу мене ги надгласуваше уште погласните бебиња (помислувам дека ги има најмалку пет, иако успевам да видам само едно, со раздвижена уста, испентрено на рамото на мајка си).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Забрзувањето од нула до сто се одвиваше во многу краток интервал така што зад мене ги оставав сите.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
- Зар за мене ги симна овие „ѕвезди”? - праша Елена.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Скришно од мене ги облекуваше моите фармерки и излегуваше порано за да не ја затекнам кога ќе дојдам дома.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јас се вратив без пенчињата на нив.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Луѓето пред мене ги прелистуваа списоците, го бараа под име, татково име и презиме, ама ништо.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Коте, кој беше две години постар од мене ги памтеше планините.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Само за миг да одморам... од силните чувства на нагон, што во мене ги убива беснилото...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
За мајските празници добив десет дена наградно отсуство а со мене ги пуштија уште тројца другари од Кавадарци: Киро, Мито и Таки.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се качив и почувствував како под мене ги искршив моите прекрасни уметнички слики.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
ДЕН СЕДМИ ВРАЌАЊЕ ДОМА По долго време си доаѓав дома.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Шефот Кузе ме набљудувал и ме викна: Качи се во колата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)