мене (зам.) - може (гл.)

Дечко како мене може да биде прилично корисен во работен логор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Ми ветуваш? – го прашав како што го прашувам татко ми, а тој понекогаш се лути што го ставам во таква ситуација.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Е, не можеш, итрица сум јас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мислиш, ти мене можеш да ме зафркнеш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Во мене можеш да имаш доверба, биди спокојна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Само на белава хартија што стои пред мене можам да го пуштам умот да лета и да стигне таму каде што телото не може.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Се плашиш, - му зборуваше. - Барем мене можеш да ми кажеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тие од мене можат да бараат сè што ќе им прдне на памет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Спрема нив чувствувам некој вид стравопочит.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Лобо: За денес изборот ти го препуштам тебе.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: Ох, навистина? (Плеска со дланките) Лобо: Денеска со мене можеш да правиш што сакаш.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Јас дотогаш понекогаш и си помислував дека и мене може да ми се случи да морам да заминам негде џенем, се разбира ако одлучи татко ти да си замине дома, во Новодеревјановское; жената секогаш е врзана со некој невидлив конец за мажот; ние сме сенки на чекорите на мажите; иако јас и не го прифаќав којзнае колку тоа; мислам на женското почитување ; но не зборувам само за себеси; зборувам за жените; за нивните среќи и несреќи; да, дотогаш помислував оти може да се случи и тоа, да заминеме некогаш заедно кон тоа негово Новодеревјановское; но тој ден, кога на чардакот кај дед Павел ја видов сета онаа церемонија, и оние глави без шапки што се веднеа пред Истокот како пред кандило, сфатив дека на Козаците и на другите Белогардејци им нема враќање, дека тоа никогаш нема да се случи, и дека стојам помеѓу луѓе откорнати од некоја огромна далечина и којзнае како довтасани дури до овде, до чифликот на некој си Турчин кој исто така е откорнат одовде и е фрлен којзнае каде, негде во Азија ли, во Анадолија ли, и тогаш навистина повторно помислив на Војните и повторно во ушите ги слушав проклетите војнички труби без да знам кој со кого војува, кој на кого му копа гроб, кој кого го черечи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Знаеш ли што се поткровјата? Тие се временски машини во кои старите отрпнати луѓе како мене можат да патуваат наназад четириесет години, кога сета година беше лето, а децата ги гонеа и опседнуваа сладоледџиите со колички.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)