мене (зам.) - иде (гл.)

По мене иде Оливера, по Оливера идат и другите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но сега првен кажи кои сет твојот ортаци, па кога ќе туркаш мене иди слободно. Ама знај оти...
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Напред! Не е значи празно. И по мене идат војници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што е овој зулум од тебе денеска?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
7. О иде иде слушате ли иде песната таа крупноока желба За мене иде во час ненаспан и за вас иде што спиете морни И пее пее со илјада гласои низ мракот пее за денот ви пее О мугро бела бели посестрими цветови млади во темнава мрака доаѓате ми дојдовте и сега рацете ми се куси да ве стасам И веќе јурам зборот да го најдам за да ја речам да ја изболам тагата на ноќите без сон и радоста што толку ви ја сонев
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Тргнав да се качувам на бината, народот веќе ракоплеска, а од зад мене иде некој глас, сѐ појасно го слушам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зашто тој агентот в нозе по мене иде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По мене иде и Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)