ме (зам.) - шибне (гл.)

- Прости ми Богородице Мајчице, го гледам Трајана, ама миговно ме шибна мисла - Ех, што внук ќе имавме!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Писмородецот ме погледна и ме шибна со ровја од окото негово потемнето од бела скрама, но Царот подзастана и рече: „Дајте му ги стакленцата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Сите мислиме како логотетот“, рече Јулијан Граматикот. Само јас реков: „Сите мислиме како Филозофот“, и во тој миг како ровја ме шибна белото око на Стефан Лествичникот, до вчера Писмородец.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)