ме (зам.) - чуди (гл.)

- Опа-а-а, како тргнал овој твојот, не ме чуди наскоро да почнат да ти се обраќаат со "генералице".
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не би ме чудело да направиш и "блесиметар" за полесно да ни го мериш умот или глупавоста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Адријан поспано и зашеметено кажува дека се чувствува “задоволен”, што не ме чуди после половинката што ја зема и после двете пинти во кои потона пред ручек.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Обајцата лежиме навалени под агол од 20 степени; обајцата топли; задоволно наполнети откако претходно изџвакавме полн куп јагоди, манго, сендвичи и пола шише од искричавото Burgundy.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа многу ме чуди, но веќе ми станало здодевно, крајно здодевно да докажувам една толку елементарна и видлива вистина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Трепери тркалезното око, налеано со црвенина. „Го знаеш ли Емин? Не? Тоа ме чуди. Не сакаш да се присетиш за Емин? Тој ми е син...“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дури и најневозможните нешта, на тамошните луѓе им се чинат можни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Откако бев во Индија, научив во сè да верувам и ништо да не ме чуди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Навистина ме чуди што обично сите имаат претстава дека сум стабилна и непроменлива, а истовремено доследна и доверлива. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ме чуди, зошто на вестите освен за временската не даваат информации и за состојбата на магнетно-енергетската клима.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Само ме чуди фактот што нема ниту една статуа на некој голем историски херој.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Само едно ме чуди - нема маж а ќе роди.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ќе ви кажам: ме чуди само каде ги купил и кој му ги продал тие гаќи и брусхалтер!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа и не ме чуди толку.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Курто: Од соседната зграда те виделе како навечер си облекувал брусхалтер и женски гаќички.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Знаете ли, Бојс, што најмногу ме чуди?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Само ме чуди што толку ниско се спуштила во планината.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Најмногу ме чудеше тоа што и мајка ми се смееше весело, раскажувајќи за некое дамнешно летување во Макарска со тетка Славица.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Подоцна, во разговор воден со Македонец во Елбасан, ми беше речено: - Мене воопшто не ме чуди што така се однесуваа тие луѓе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нашите мисли се зборови. Ме чуди како не го сфаќате тоа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Мене ме чудат вашите беспредметни обвинувања, - забележа Паша Емиљевич, кој силно мирисаше на пенливите струи. 178 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сега тој е монах, седи во притвор.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)