ме (зам.) - чита (гл.)

Ако сум чочек на нотите од чезата читај ме читај не дочитај портокалов портокалов брезин корен зачитан.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Ниту се читам, ниту ме читаат. Преку ден скитам, ноќе пловам, Засонувам, сонувам, подлетнувам, Писмото небесно го исчитувам И на тоа писмо се восхитувам, Зашто и за мене нешто пишува
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Впрочем никогаш не се чита директно. Знам дека секогаш се чита од шеми и посредувања, значи ни јас не заповедам мене да ме читаат со некакви пренесувања во интуитивни екстази, но барам да се биде повнимателен при посредувањата, покритичен при преведувањата и при заобиколните контексти кои често се мошне оддалечени од моите. 60 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Еве, си помислив иронично, некој најпосле решил да ме чита со целосна ангажираност и сериозност.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога и други домаќини во текот на патувањето ми ги упатува истите зборови дека „ме читале”, без никаков одговор на моето прашање, беше јасна наметната провокативна алузија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И да сум знаел дека ме читаат, сигурно не би изменил ништо во моето пишување...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пиеше и молчеше: кога ќе умрам не повикувајте поп да ме чита.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За клетвите Се проколнувам себе и сè на светот кога ќе погледнам во едни очи, а тие ме читаат како прочитана книга, вртена, превртувана, претворена во зелка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И, бидејќи ме чита дека мислам оти не е фер, тој се обидува да се оправда: „Дете, јас не им штетам, тревите секако ќе им помогнат, па ти не знаеш дека барем пола од нив се враќаат да ме почестат бонбониера и тоа од оние скапите, ’Гриоте’ и ’Бајадера’, полн ми е подрумот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)