ме (зам.) - убеди (гл.)

„Што сакаш, да ме убедиш мене дека гледаш пет, или навистина да видиш пет.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некако успеа да ме убеди да се вселам кај неа во станот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Таа приказна за стотиот дека е втор е премногу ветва за да ме убеди.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога ги кажав моите стравувања дека тоа, можеби, не е сосем пристојно друштво, Марина ме убеди дека во секој случај, тоа се „златни срца”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Не дека се сомневав во нашето ново богатство, но последната ноќ со тебе ме убеди дека сето тоа дојде природно, според новиот поредок на работите, како функција на тоа кои сме и што сме.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И ај сега некој нека ме убеди дека сето тоа не оставило последица во нашите глави.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Никој не би можел да ме убеди дека таа не нѐ сака и дека не е загрижена за тоа како живееме.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Евреите го заковале Христа. Религиските факти можеа и да ме убедат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Требало време и одреден степен на креативност да се создаде такво лице, но неговиот став ме убеди дека тој ужива да живее зад него.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Таа уште еднаш се обиде да ме омекне, да ме убеди...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Кој може мене да ме убеди?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Хичкок: „За Бројот тринаесет ме убеди жената-пропагандист во компанијата „Фејмоус Плејерс Ласки”, која во мене откри нешто и пред да почнам да се занимавам со пишување на сценарија или со правење сценографија, значи тогаш кога бев обичен млад човек во одделението за изработка на натписи.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ама тука си е милата учителка - да утеши, да избрише солзи и мрсулаво носе - и така ми стори, и ме убеди дека тоа можело секому да му се случи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Оној, кого го сметав за директор со исплашен крик скокна и се фати за крпата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Раководниот глас на штотуку влезениот младич ме убеди дека сега имам работа со директорот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)