ме (зам.) - тргне (гл.)

Од оваа тешка состојба ме тргна женски глас.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И како што плачам и си редам така, Уља, јатрва ми, ме шиба со лактот, ме тргна за ракавот и ми вели: - Запри малку, Велико, знаеш дека две деца ѝ предаде на земјата, вели, знаеш дека еднозадруго ги закопа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
17. Како било... Пак ќе одам кај началникот на логорот. Можеби, овој овдека, ќе има поблага душа, си мислам, и ќе ме тргне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сум згазила на некои одвалени камења и нозете ми избегаа, газот ме тргна надолу.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа ме тргнаа од таа задача и ме испратија во Отешево.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)