ме (зам.) - стрела (гл.)

А во командата на баталјонот дознаа и по телефон се раскараа со пцости и ми се заканија со воен суд, демек ќе ме стрелаат, ако јас неа не ја стрелам. Како да стрелам осумнаесетгодишно девојче?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие нема да ме стрелаат само затоа што еднаш сум излегол од колосекот, нели?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој запре пред Винстон и почна вознемирено да го преколнува: „Што мислиш, пријателе, дали ќе ме стрелаат?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа почна да пишува со брзи неуредни чкрабаници: „Тие ќе ме стрелаат не ми е гајле тие ќе ми пукаат во тилот не ми е гајле долу големиот брат тие секогаш стрелаат во тилот не ми е гајле долу големиот брат...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Предвидливо, гардистите ме фаќаат и по молскавично судење ме стрелаат во истиот двор, додека таа, од терасата на осмиот кат, со расеана насмевка ме набљудува како паѓам издупчен, а бескрвен, на скржавниот тревник...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ме виде командирот каде што јадам и го извади пиштолот да ме стрела.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сега сум сигурна дека ќе ме стрелаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Чекам да ме стрелаат, вели. — Зошто, бре? — Мислат дека бегав во Југославија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си мислам: ќе ме стрелаат или ќе ме пратат во некој логор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Клечи: - Немојте да ме стрелате. Немојте, немојте...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Немојте да ме стрелате. Туѓинецот е вкочанет. Нема сила да падне на коленици.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
и се враќаме пак назад, по истата трага со лазење и го наоѓаме Бугаринот кај што го оставивме, можевме и да го отепаме, ама ај, си велиш човек е, може тој ќе те носи ако те ранат, и што да правиме сега со тебе, му велиме, што ќе кажеме за тебе, а тој - вие сте ми мајка, вие - татко, ако ме кажете ќе ме стрелаат и нѐ моли, ни ја пика главата под колена, се митка ко живинче, се уплашив, вели, ама да не кажеш ти, му велиме, не, вели, уплашениот е секогаш уплашен, ме фати голем страв, вели, ме сопна и не можев да се помрднам, и го целива ножот, се колне и после фативме двајца Грци и тие ни кажаа дека ќе нѐ удрат два полка, еден грчки, и еден англиски, и ноќта зедовме наоколу сѐ миниравме, ископај чиневме дупка и наполни ја со дробен камен, со чакал, и среде камењата ќе врзиме по пет бомби во китка, со тел, сите дупки ги врзавме со една жица и кога наближија војниците, ги дрпнавме мините,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)