ме (зам.) - сожали (гл.)

Но имаше доволно, доволно самосожалување со горчина, таа да ме сожали и да посегне да ме фати за рака за да ми покаже колку ѝ е жал. Ах! Колку ѝ е жал.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Заради големата школка, заради морето во неа, јас поначесто се преправав болен за да ме замијат, да ми го избркаат урокот, да ме благословат, да ме сожалат и да ми го остават ќесето со каменчињата и со школките.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ми се пристори, гледајќи ме така тивка и потиштена, ме сожали па ме натера да ги викнам мајка ми и татко ми на гости.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)