ме (зам.) - снема (гл.)

Го ритнав, ама тој пред јас да успеам да го ритнам, ме гризна со своите остри заби па од лутата болка тука на место се онесвестив, ме снема од настанот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ќе ставам прстен на нејзината рака, па нека ме снема.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А сега, благодарејќи му на Бога што сум помудар од тогаш, сакам уште да ви кажам: дури и ако мене ме снема од светот што го познавате, дури и ако храмовите Божји ги разурнат, та од нив да не остане ни еден камен, дури и ако вашите пророци и водачи ве напуштат, а браќата и сестрите ви ги погубат, не чекајте Божја одмазда за неправдите што ви се нанесени!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Туку, знај, ако еден ден ме снема под оваа стреа, тогаш да знаеш дека јас сум некаде на Вичо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ако си решил малку по малку, твојата љубов да ја снемува... ќе ме снемува и мене, дел по дел од мене ќе умира... како ветар ќе минуваш низ мојот живот, и ќе ме однесеш до безживотниот брег, и таму тивко ќе ме снема во бескрајот...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ако се во прашање грблести вештици, еднооки џинови или зли волшебници со свински чурила, ќе ме снема пред да трепнеш. Ни ураган не ќе ме стаса.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Подобро да ти умрам, да ме снема до колку не го исполнам заветот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)