ме (зам.) - радува (гл.)

Ме радуваше дека заедно со мене доби нови чевли и Бане.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тоа искрено ме радува, но не би сакала на ниеден од нас да му затребате.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Честотата на стапалките ме радуваше повеќе од старата логика во која секогаш сомнително се плеткаат читања, летања, но и слободни паѓања од карпи, во собата за сослушување во приземниот дел на оваа станица.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ја познавам мојата Тодора, а тоа што таа тебе не те познава, само ме радува повеќе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Знам, човек ќе си рече дека се жалам на нешто што треба да ме радува, на едно пријателство.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
РИСТАЌИ: Тоа ме радува што признаваш.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Притоа исклучително ме радува што веднаш на почетокот од Вашето писмо нагласувате, во име на германските уметници, дека со благодарност и веселба го поздравувате повторното оживување на националното достоинство. (...) Ваше свето право е да се чувствувате како уметник и нештата да ги набљудувате од живо уметничко стојалиште.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Уште една причина да ми се зголеми љубовта кон мандолината.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ме радува што оркестарот се зголемува“ рече наставникот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Наставникот вели дека секој ден треба да вежбаме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Умен, мајкин“, ме погали мама. „Многу ме радува дека и другарите ти се умни деца. Од вас ќе станат чесни луѓе.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во петто одделение има многу материјал по аритметика и геометрија", пак лажев.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ѝ реков: „Ме радува, Рајно, многу ме радува дека сега веќе имаш на кого да се потпреш“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)