ме (зам.) - пушта (гл.)

Татко ми не ме пушта...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Плус водев војна со нив, зошто тие не ме пуштаа, барем не со добра волја.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Јас сум, мувичка, се викам Цеца, нешто не ме пушта да избегам од овде, се заплеткав.....
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Ме пуштаа и до дома во Маказар, да ја видам мајка, и пак се враќав таму во сарајот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А болницата сѐ почесто ме викаше и ме пушташе изморен и расеан.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не ме пуштаат, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вистина, ме пуштаат до логорите со ранети борци на Демократската армија, но секаде со полициска придружба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нивната службена обврска е врзана за мене и не ме пуштаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се запна и Никифор да иде со мене, не ме пушта сама.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме потфаќа некој виор, ме турка откај луѓето и не ме пушта да слезам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Татко беше болен од плевритис, некакво вирче вода му се набрало под ребрата и стражарите ме пуштаа да му носам јадење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога сакам, велам, детето не ме пушта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Тоа и сега го велам”, им рече тој, „ако имаше држава, зарем ќе ме пуштеа жив...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но, тогаш, зошто не ме пуштаат...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ми се обесил за душата еден стреж и не ме пушта.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не сака никаде да ме пушта сам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Двоен клуч Заклучи и не ме пуштај ни внатре ни надвор.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Го замолив управникот на интернатот да ме пушти за неколку дена за да ве видам, но тој не ме пушта.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И така, како што стојам, ме фаќа една рака, од недоветра ме фаќа, па ме пушта. Се обѕрнувам: Стојна Ресулоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Работата и во сонот не ме пушта од раце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас поодев малку, оти мајка не ме пушташе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зошто ме влечкаш, вели, зошто не ме пушташ да си одам право дома?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не ме остава, не ме пушта: родниот крај ме уми, мислам, а јас си го споменувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така уште буден лежам принуден в молкот да се слеам (Ноќва од чудни плодој тежи што не ме пуштаат да пеам) Селата сами в ридје спијат сред сева блага страшна тихост (Крени во себе палав вихор по ѕвоната да бијат бијат)
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)