ме (зам.) - принуди (гл.)

Низ авто-пазарот лутав цел ден. Пред фајронт, пронајдов еден пријател, кој што буквално ме принуди да ја погледнам заставата.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Вие сте во право, меѓутоа, ве молам, ова со лексиконот сфатете го како обична детска игра“, рече мама. Ѝ бев крајно благодарен на мама дека така постапи.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се обидов да му кажам дека не сум виновна и дека ме принудиле да дојдам на сослушувањето; тој не сакаше воопшто да разговара за тоа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Луѓето се веселеа, се слушаа убавите Штраусови валцери, по паркетот се влечеа долгите фустани на дамите, со разиграни фризури, распеани и лични, така што сето тоа здивот ми го земаше и си помислував колку би било убаво да се биде овде - но заморот ме принуди да се повлечам во хотелот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека бев овде полицајците постојано ме клоцаа и удираа со боксови не за да ме принудат, но само за нивно задоволство.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Не ме принуди да ги поткажам моите другари и другарки.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)