ме (зам.) - пречека (гл.)

Можеби уште на почетокот!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тука ме пречека татко ми и, секако мојата помала сестра...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Но мајка ми налутено ме пречека: - Не, - рече, - немој да носиш.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Посакав да речам: Ете, олку од мене, свршеток на приказната, и ја кренав главата, погледнав кон Даскалов, сакав да го утврдам впечатокот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Богами помислив: тоа планината тргнала да истече заедно со водите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи, кога помислив дека косата и уште незнам што друго од моите сопствености сторија обид да ѝ се придружат на молњата, главата си ја пикнав во дланките а потоа главечкум отрчав до Пребег за да се напијам вода и да си го повратам во живот сувото грло, но таму ме пречека оној матнеж и лудување на водата, што веќе ги спомнав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Зборуваш, зборуваш, а друг ни беше зборот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, не можам дури ни да си претпоставам дека заборавил на каде се има упатено.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или си вообразувам!? (А кого уште го има за да побара совет и помош?) Сега, на оваа нова раздалеченост од Ивана, сфаќам дека тргнал да налее вода од потокот (или веќе има налеано?) па откако ме забележал застанал да ме пречека!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вистина, место на крокодилот можев да налетам на некоја голема змија што може да голтне бивол, или можеше од зад некое дрво да ме пречека горило, но им ветив на црнците да ги ослободам од крокодилот и јас тоа морав да го сторам.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тој час можеби сакав да избегам или да нацртам пред себе голем ѕид, но не го сторив ни едното ни другото туку најљубезно реков: - Еј, кроко, ситно око, ти носам ужина - “најубаво јадење за крокодилите“.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
На вратата пред дворот ме пречека сува жена со строга лисичја муцка, темно лице слично на земја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кај бунарот, во запуштениот голем двор, ме пречека мајка му на Димка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Жената со муцка на лициса ме пречека во дворот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На широчината ме пречека Димко, ситен и набиен, со обесени уши, со глупава насмевка, со полно црно лице.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Јас размислував за тоа. каква Изабел ќе ме пречека на аеродромот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Госпоѓа Изабел ме пречека на аеродромот Charles d Gaulle.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Долго ѝ завидував на таа прошетка, но имав привилегија, добар поглед кон прозорецот на вториот кат и едно дрво, кое ме пречека сето раскошно раззеленето и ме поздравуваше секое утро кога тешко, да не речам одвај, ги отворав очите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога ја отворив вратата, ме пречека насмевка, отсонувана, посакувана, а малото мое се пикна во мене гледајќи во тој убав човек што го изговори моето име со глас на рецепционер од хотел „Белви“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Онисифор Проказник ја гребеше со нокти брадата. „Да појдам и да пијам со нив? Не верувам дека ќе ме пречекаат со раширени раце.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дојде и Куно Бунгур. „Слатка им е ракијата. Борис Калпак не ја пушта абердарката од раце. Појди, опамети го.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Штом ќе излезам од станицата, зад мене останува темноцрвена тулана. Ме пречекуваат ред тополи и згрчени куќи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Постарата ќерка Блерина беше во француската гимназија во Ла Марас...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Градинарот Раиз, без да го прашам, забележувајќи ја мојата вознемиреност, но и моето миговно смирување, кога ги видов сите живи и здрави, ме пречека смирено со зборовите: - Не грижете се.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А кога денес разбра дека одам в град, ме пречека од заседа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сега ме пречека овдеа ѕгора со пагурчето и ми рече да бида азар за вечер, ќе ме викал да венчам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ме пречекаа на самата граница, со почести. Каков реванш на судбината! Се враќав во својата Итака.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не сакам сега уште еднаш лагата да ме пречека од заседа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Татковата сестра простум, и покрај неколкуте срцеви удари, ведра ме пречека на прагот на куќата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој го врза коњчето во својот двор и извика: - Мајко, мајко! Каде си да ме пречекаш?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ми даде едно рало опинци, шеќер и многу убаво ме пречека.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Веројатно помислил дека таквото однесување можеше да биде погрешно протолкувано.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Индивидуата иако со мало задоцнување сепак сфати дека не смее да ме пречекува застанат мирно, како што се пречекуваат големците.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А долу ме пречека брат ѝ и ми стегна шлаканица.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Се качувам пополека по скалите, а на чардакот ме пречекува татко ѝ.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- Имаш ли пари? - ме праша продавачката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Влегов внатре, каде што ме пречека лошата продавачка со синиот комбинезон.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ме пречекаа многу борци, а Никифор го нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме пречекаа две криминалки и ми велат: — Ти си таа и таа?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Една вечер ме пречекаа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме оставија да се одморам а тие тројца се договараа како да ме извлечат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И најпосле ми дадоа инструкции, едната нога набрзина требаше да ја ставам врз косата страна на карпата, а со левата нога во лет тие да ме пречекаат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Еден ден, кога се вратив од работа, Билјана ме пречека пред дворната врата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)