ме (зам.) - познае (гл.)

Ноќ е. Нема да ме познаат моите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Простено ти е Велико, вели Неделко Сивески, кај ќе ме познаеш кога и јас не се познавам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас го познав, а тој не ме позна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од што се уплаши мајката, си велам, дали си рече дека ќе го изгазам, или ме позна дека сум пијан, Бега преку нивјето, преку мртвицата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дали по здивот ме позна, по мирисот на телото што го квачело, а може само така ми се стори.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— „Да ода со Србите во Грција, ошче во Баово Чочо ќе ме познае и ќе ме предаде на Кондилис", — си мислеше Ѓуро.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ме позна?“ праша. „Те познав, Марко Проказникот“, му одговори.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Девојката веднаш ме позна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)