ме (зам.) - познава (гл.)

- Зар не ме познаваш? - зачудено одговори човекот и се насмеа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ако ме познава добро, ако ме запознал во овој наш проклет заеднички живот, сигурно не би ме вратил.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Али јас сум честел али кој! Ти уште не ме познаваш. Гласот му провлечкуваше веќе пијански.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога ќе посакам да има воздух, јас им го кажувам тоа.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Снимателот доволно ме познава и тој знае што сакам - а кога се двоуми, доволно е да му нацртате 134 Margina #22 [1995] | okno.mk правоаголник и да го вцртате кадарот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Ама не за работа, зар не ме познавате, јас сум мајсторот, мајсторот што...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сите ме познаваат и се плашат од мене.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
(Фискултурецот постојано запишуваше, а Луција се однесуваше како да не ме познава).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Ме познавате? Ако не ме познавате, како што и јас не ве познавам, што барате на мојата маса, зошто ви е мојата близина? Всушност: што барате од мене?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
МЛАДИЧОТ: (Скоро отскокнува од навреденост.) Вие не ме познавате мене и јас со ништо не сум Ви дал повод да се сомневате во мене.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А потоа се сврте кон мене и додека јас и децата, кои така добро ме познаваат, се газевме од смеење, ми подаде едно каменче.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Ами, Неделко Сивески, вели, зар не ме познаваш, Велико? - Леле, Неделко. Неделко Сивески, велам прости дека не те познав.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Којзнае дали ме познаваше тогаш. Ме гледа како смртта да ја гледа пред себе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се зададат од некаде, ги гледам се држат за раце и ме гледаат како да не ме познаваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Од кај ме познаваш? праша и отпи малку од чашата. - Те познавам, нема што, те познавам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Ако ме познаваш, познавај ме, се согласи човекот. - Тоа мене не ме засегнува. - Не, не... Навистина те познавам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Така значи, вие мене ме познавате. - Да! - потврди Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Терапевтот ја запрашал Лена, „Кои се значајните настани од вашиот живот кои се поврзани со „Тој всушност не ме познава?“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Песната заврши и диџејот ја спремаше новата секвенца во мигот кога некој ми ја фати половината и гласно се праша дали ме познава.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Легнат на грб се обидував во отсјајот на мижуркавата светлина на канделабрите од улицата да откраднам искра од нејзините очи за да можам во играта, која не смеев и не сакав да ја одлагам, да бидам свој онолку колку што таа ме познаваше. Попусто трагав по таа искра.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На крајот на краиштата таа мене дури и не ме познава.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Токо, вој побратим, Илко не ме ни знае, ни ме познава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа беше добро за моите способности...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Отидов два или три пати...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не сакам веќе да ме познаваат...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кај кројачката се говореше, во нејзиниот салон. Говореа, слушав, не ме познаваа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
– „Шоана, али навистина е ова, али на соне; види сега и децана да ме познават и на име да ме викаат, чудна оваа работа ќе биде; ај да видиме Господ што ќе каже“, си велел сам во себе и влегол у човекот дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Вие еве сте знаеле и по бугарски и сте го знаеле дури и името мое, рекол Силјан; ви се молам, стриколе, од кај ме познавате мене што ми рековте на име?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Е арно не се како нас, ами од кај ме познаваат мало големо во куќава шо се?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дури ни лицето му го немав видено. А за мене зборува со толкава сигурност!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се исплашив дека Јана ќе ја спомене онаа чудна ноќ што беше и причина за смртта на поетот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но од каде храброста кај некој Непознат кога се осмелува да тврди дека ме познава?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Умее тој и посложени нешта - рече Јана како којзнае колку да ме познава а нејзиниот ироничен поглед како да беше спремен за секаков вид напад, за предаство, па дури и за измислица.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога ќе ме праша ѕидот: те потпира ли видот одговори место мене: Јас не сум Јас Кажи: Откога ме познава не ме дознава? Излажи: Јас сум ту си одам- ту ти идам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Таа сензибилна жена, пријателка од детството, доволно ме познаваше и најнеочекуваните мени да ги прифати како обични. – Да видиме што е! – едноставно рече, наметнувајќи го капутот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Расимка твоја, зар не ме познаваш?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зар се премажи жената, си велеа луѓето што ме познаваа, зар се оставија со Никифор Абазовски и се омажи за командирот Ксантос?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таму и камењата ме познаваат, што се вели, и тревите ми се пријателки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме познаваа луѓето и знаеја што носам на себе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми текна: јас сум контролор, ме познаваат сите возачи, што не запрам некое возило?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Преплашена сум да не ме види некој што ме познава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зар не ме познаваш, го прашувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ама, ти не ме познаваш, ми вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да не ме познава!“ се муртеше.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
БОЖО: Сигурен си дека толку добро ме познаваш?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тој ме познава мене, ми го знае табиетот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Е и ова ми се допаѓа – си мислам, иако малку ме вади од рамнотежа нејзината мирнотија.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Мене си ме барала, ми рече сестра ми – вели и воопшто не се чуди што не ме познава.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)