ме (зам.) - поведе (гл.)

Ме поведе дома. Ме запозна со нејзиното семејство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се насмевна и ме поведе кон просториите на музејот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мајка ми и сестра ми ќе препукнат од радост. А поручек сигурно ќе ме поведат в кино а може и во слаткарница.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Постојано потплукнува. Но според некој утврден ред.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А јас за првпат го гледам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем брзо сфатив: потплукнувањето се јавува секогаш откако ќе го слушнам она карактеристично ау! ау!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Човеков што дојде да ме поведе ме поттикнува да побрзам, но не ми кажува каде.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А поручек сигурно ќе ме поведат в кино а може и во слаткарница“.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Придржувајќи ме отстрана, додека скокав на една нога помешу нив, тие ме поведоа кон миндерот и ме наместија да легнам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Утредента тој ме поведе кон својата улица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ме погали по глава, нешто рече на албански, стави рака на моето рамо и ме поведе пред масата каде во голем тефтер го запишаа моето име и нејзиното име, презиме и адресата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ме погали по глава, моето тупаниче го стегна во својата дланка и ме поведе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- „Дојди да ти покажам нешто“, рече пријателот и ме поведе кон кучкарникот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Убаво изгледаш“, ми вели задоволна и ме поведува кон следната одаја, во која се влегува низ ниска, но дебела дабова врата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Срдечно ме поздравија, грачејќи во микрофоните, потоа ме поведоа кон невидливото, фалично пијанино, сокриено во најтемниот агол на кафулето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ја пропушти крај себе таа што немаше зрела ’рж во косите и ме поведе кон постелата уште топла од долга навика бавно и упорно да се милува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Всушност се движам по улицата и авто-пилотот е вклучен.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Чувствувам дека можам лесно да се откажам од оваа реалност и да ѝ дозволам на дрогата да ме поведе.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ја прошушти крај себе таа што немаше зрела 'рж во косите и ме поведе кон постелата уште топла од долга навика бавно и упорно да се милува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Просто: не сум била жена на Хелвиг, не ме сакал, не ме повел во Германија бидејќи ме засакал...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Веќе реков: мене ме поведе во ова село некое необично чувство, можеби и потреба; можеби носталгија по старите денови.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А татко ти слушнал кога некој поднапиен Козак, чиновник, се фалел дека има голема љубов во Новодеревјановское.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Си помислив: „По какви сѐ свиоци татко ти ќе ме поведе само за да ми нашепне што точно мисли за таа Пелагија што божем се изгубила на не знам која улица на Одеса“. Бидејќи, да се разбереме, Пелагија била убавица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Стопати му реков да ми се приближи, и уште толкупати го молев тој да ме поведе а не да остава јас да го водам, но ете тоа не се случи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
9. Наеднаш почна тревога. Само што ме поведоа на сослушување и почна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме повел некој инает, а во инаетот и солта ја јадеш како шеќер.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И знаеше како до тоа да ме доведеш. И ме поведе за последен пат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)