ме (зам.) - опкружува (гл.)

Зашто во оној момент кога ќе застанам, ќе застане и времето и тогаш ова сивило што ме опкружува ќе поцрни и ќе се свитка во дупка во која сè ќе исчезне.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А, ме опкружуваа кутии од зејтин, прашок за перење, стоби-флипс смоки и чипс, сапуни и празни цедеа подеднакво прекрасни како и оние кои веќе го најдоа своето место во ходникот - складилиште.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Едноставно станувам иста како она што ме опкружува.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Премногу сведоци ме опкружуваат за да можам да ја одиграм својата игра заборав.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Преку априоризам на хаотичното сетилно спознание и естетската перцепција или аперцепција на целокупната хабитација ја рехабилитирав само-целта на животот и од мноштвото про форми, односи, супстанции, модуси, комуникации за да избегам од загушливоста и монотонијата на секојдневието, избрав имагинарни слики-еквиваленти на стварноста која ја грабев за себе како совршена уметност за себе-вообличување, во несовршените материјални форми што ме опкружуваат и постојат во медиумите (средините) на реалноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)