ме (зам.) - одмине (гл.)

Со не така бистар ум и замаглен поглед ќе го зграпчам и ова утро како секое претходно залудно поминато и секое наредно што без траг ќе помине, без совест ќе ме одмине.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Изгледа дедо Ѓорѓи ме одминал не ме видел.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
„Можеби ќе ме одминат и вечерва“ - си помисли, сеќавајќи се на онаа ноќ кога волците се јавија со својот виеж откај Гола Глава, а потоа се изгубија.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Трагав и чекав. И на соне и будна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби тоа беше причина во моите самотни ноќи да почнам да трагам по неговиот глас што еднаш веќе го бев слушнала, но несреќната јас, којзнае зошто дозволив да ме одмине.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Чезнеев по поновна средба со одминатото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од простата причина, дека после гласот на Катерина што неколкупати ме одмина и она изненадувачко претрчување на Јана по силно осветлениот премин, таму негде, зад последниот свиок од некој темен влез на затворската просторија истрча тетка Боса и ми се фрли в преграб.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Со денови посакувам да те сретнам а ти постојано ми се измушнуваш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога стигнав до главната порта на амбасадата која беше добро затворена, но јас го имав бипот за отворање на гаражата, транспортерот ме одмина, продолжи кон главната авенија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Возев умерено. Видливо ја смалив брзината, со надеж оти транспортерот, ќе ме одмине. Но тоа не се случуваше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеби затоа зашто се однесува како суштество кое го напуштила доверливоста или како дамнешен пријател што ми го заборавил името па брза да ме одмине.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Непријатен му е разговорот, а можеби и самото присуство на Иван Степанович, или го сепна она дозволјају што и мене не ме одмина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Има такви луѓе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Од таа светлина, вели, наеднаш ќе се измолкне некое непознато привидение и брзо- брзо ќе ме одмине.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Значи јас сум подбрканиот и секогаш сум во очекување на тој непознат настан кога и вистински нема да ме одмине многу спомнуваната горчлива чаша од Новиот завет и тоа само затоа зашто негде сум го спомнал мојот необичен сон.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)