ме (зам.) - одвлече (гл.)

И згора на тоа, сепак, толку ме одвлекуваат по себе што заборавам дека овде сум легнал да заспијам, а не да го мислам: несмисливото.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тие не го користат звукот за да ме одвлечат таму каде ни самиот не сакам да слушам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Таа божем скришум ме одвлече настрана, за да не видат другите, скришум се обиде да ми даде две навидум големи копчиња обвиткани со пришиено платно и ми рече: - Ова не се копчиња, туку два златника.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го немаше мајчиниот глас да ме предупреди од преголема занесеност да не ме одвлечат водите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Зима е, ноќва трескатаќе ме одвлече во длабоки и тмени бездни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа ме одвлекува... Ја знам.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Марина се обиде да ме одвлече на други теми на разговор, но не одеше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)