ме (зам.) - исполни (гл.)

Времето минато во природата ме исполнува и ми ги полни батериите за секој нареден ден.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа божество ме исполни.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ја слушам оваа нежна источно - ориентална музика и ме исполнува.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Разумот и чувството за благородниот искон и вера ме исполнуваат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Доживувањата на тетовскиот плоштад на гласно изговорените стихови на Рационовата „Балада за непознатиот’, говорењето тажно, тревожно и потресно на еден од моите постари соученици, тоа доживување ме исполнува и следи до денес.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Не сакав тие да ме видат да плачам и во тој момент ме исполни некаков пркос.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Го исполнив заветот што го ставив во првото писмо до Чана и тоа ме исполнува од темето до прстите на нозете!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)