ме (зам.) - информира (гл.)

Само разнобојното цветје го чуваше стариот ред и спокој. Гордоста на Раиз.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Додека Раиз ме информираше за настанатата ситуација, ќеркичката Јета се беше оттргнала од неговата рака и се беше доближила до војникот со бајонет на пушката.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ете, еднаш месечно, колку да ме информираш што се случува и како стојат работите меѓу вас.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„Фантастично! Дочекав мојот син да ме информира за виталните проблеми на населбата во која живееме, всушност, пошироко и за градот!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Јатакот брзо потоа ме информира дека другарот Пене ноќе се состанува со некоја девојка по име Анастасија, нагалено Таска од селото која тој ја знаел порано, но која била ќерка на многу познат монархофашист и заколнат непријател на нашата света борба.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Секој телефонски повик, а тоа утро беа чести, ме наведуваше на помисла дека можеби е тој, дека сега го нашол вистинскиот повод по службена линија да ме информира или да ме праша за нешто што го загатна со името на Ема Ендековска. Попусто.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Беше рана пролет, почеток на април, да, тоа беше сончево претпладне со многу минувачи по шеталиштето на кејот под прозорецот (необична слика за тој дел од денот) кога началникот Круме Волнаровски ми се јави на службениот телефон за да ме информира дека во моето одделение, од Прифатниот центар за странци, е прераспределена Ема Ендековска.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)