ме (зам.) - измачи (гл.)

Доста веднаш ги заборави сите болки и страданија, ја подигна главата кон Митра, ја погледна в очи, ја развлече исушената уста и проговори: „ — Море — ми, живо било воа мечето, орлите да го мачат, колку ме измачи, да не остане, да даде господ!“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Утрово решив: Да исчистам сѐ, за да не му дозволувам повеќе на кошмарот да ме измачува.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Најмногу ме измачува тоа што не можам да се сталожам, да ги сфатам положбата и состојбата, бардото во кое се наоѓам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таквиот „обратен“ процес, да бидам искрен, многу ме измачи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Еден ден, кога се вратив од училиште и дома ја најдов тетка Рајна, почувствував дека веќе не можам да го кријам тоа што ме измачува и ја прашав: - Тетко Рајно, учителката Вера мажена ли е?
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Од една страна помамата понеа во мене беше разбудена до подивување, а од друг ми беше јасно дека тоа ќе ми биде пуста желба што ќе ме измачува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
АРСО: Е, оди со здравје, пријателе! Ме измачи ѓаволски селанец!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Туку може да му излезе кисело... уф, неговиот измеќар! Ништо, лесно со него.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ЉУБА: Па, има работи, кои ме измачуваат.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И вака и така ме измачува.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тоа постојано ме опседнува откако ја нема.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Но најнепријатно беше сепак сознанието дека не само шпиончето туку и мене ме измачува слично сомнение, а тоа значи дека во горчливите прекори на оној пакосен глас има и премногу мои зборови!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, Јана сигурно ме нема слушнато!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иако и јас, како наш Кочко почнав да си го прочистувам грлото со зборовите што ме измачуваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Вие Боге треба да знаете дека мене не ме измачува тој проблем: мислам на она што го рековте, дека сум немал родител кој ќе преземе некои обврски.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пораснав без татко и тоа ми мина во навика.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ОГНЕНА ГУЛЕВА
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се ми се причинува дека дури откако ќе изречам на сет глас некој збор, дека дури тогаш можам и вистински да оценам дали е оној вистинскиот што точно ми ја отсликува мислата!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само понекогаш ме измачува прашањето како да постапувам кога желбите ќе ја надраснат дарежливоста на реалноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А ваквите настојувања беа толку присутни, и беа толку грдо поттикнувани токму од луѓето од кои Јана зависеше!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но како да му помогнам додека чувствувам како ме измачува помислата дека не сум во состојба да го запрам времето и дека веќе наближува некој друг ден, некоја друга ноќ, а тогаш Јана ќе биде сосема друга жена, поинаква од онаа што тој ја познава, и дека тогаш ќе му припаѓа на некој друг.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа беа денови кога верував дека темите што мене ме измачуваат се мисли и желби на секој кого ќе го погледнев иако ми се чинеше дека никој не ги сфаќа сериозно моите досетки што се раѓаа во празните моменти на исчекувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа понекогаш ужива да ме измачува со тие нејзини квиз-игри, скривалки и погодувалки.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Нешто неодредено ме измачува.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Можеби Виктор не го слушнал до крај објаснувањето на лекарот - се обидувам да ѝ ја разјаснам на Бојка дилемата што ме измачува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)