ме (зам.) - зграпчи (гл.)

Знаеш ли како ме зграпчи мене? На сон!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И во моментот кога бев, мерено со микрони, сосем близу целта, одеднаш отпозади, за околу вратникот перверзно ме зграпчи некоја недефинрана сирова атмосферска сила, ме издигна од столицата и едновремено влакнестата горилска шепа ме лансира меѓу ѕвездите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не го сакаа тоа од некоја наклоност или добронамерност спрема мене, не ни дека би се откажале од своите сплетки, туку сакаа да им бидам блиску за да гледаат како одблиску ги слушам, да можат директно да ме зграпчат, да ме тегнат и да ме тресат за палто.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Помеѓу мојата клупа и нивниот кафез се движи заштитна магла - ни јас можам да посегнам по нив, ни тие се во состојба да ме зграпчат и да ме испокинат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нешто ме гонеше да се наведнам над него, да му ѕирнам во вкочанетите очи, но некој ме зграпчи за врат и грубо ме повлече.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ме чекаа изгниени од прашања...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ќе ме зграпчат како стаорец...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Помеѓу мојата клупа и нивниот кафез се движи заштитна магла - ни јас можам да посегнам по нив, ни тие се во состојба да ме зграпчат и да ме испокинат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сите наеднаш ги подадоа рацете и ме зграпчија и, пак наеднаш, ми заличеа на луѓе што се горди со својата победа. Пееја...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Еве, како загубив уште еден лист: момчето што седи до моето девојче ме зграпчи и го стутка листот со малечки тркалца.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
А штом ќе ме види, ме зграпчува за раце и ме седнува до неа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Невидливи груби раце ме зграпчија... силен, продорен машки глас..
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Одеднаш баба ми ме зграпчи и почна да ме лаже: Мајка ти спие и не треба да ја будиш.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Чекај малку“, ми рече човекот со многу брчки на лице, што се појави од некаде и ме зграпчи за рака баш кога се токмев да слезам кај постојката Бит Пазар.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)