ме (зам.) - збуни (гл.)

Ме збуни дрскоста, а морав да се здржам, морав да покажам дека не ми се тие рамни за да се инаетам со нив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Каде што ќе ги збунам речникот и правописот (та доста веќе тие ме збунуваат и негодуваат против мене).
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Таа новина мене ме збуни.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Зошто го велам ова? Токму затоа зашто таа тромеѓа воопшто не постои.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Господи, не сум сигурна колку ова нашепнување треба да го сфатам како шега, а колку како податок што требало да ме збуни и да ми ја предочи нерешливоста на загаткава што самата си ја поставив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Понекогаш ќе се сретнувам со студентите. Ќе им расправам со фаталистичка сериозност измислена одмазда а тие ќе се смеат, ќе играат околу мене и ќе ме збунуваат со чудни прашања.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Неговата понуда за брак почнува да ме збунува.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Приспивност ме збуни дали јас сум девојчето кое спие - тоа толку многу им припаѓаше на сцените од македонската домашна идила, со кои овие сосема различни традиции амбиентално се поврзуваа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ненадејно засилен удар на ветар ме подгрбави и ми ги затвори очите, ме збуни со своето ревење и со криците на дивите гуски во себе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога прв пат ја доведов Илона во твојата канцеларија, за миг ме збуни и мене со твоето држење до статусот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но тоа беше само претпоставка по неговата наредба која ме збуни и ме пресече.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
МЕШАЕВ ВТОРИ: Овде, впрочем, има некое раздвојување, кое мене ме збунува....
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Невиноста на небото ме збунува На сите испишани страници Со дождот на моите несоници.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Ме збунивте. Помислив за момент дека јас сум тој што прашува а дека вие се служите со моите зборови“, најде за потребно да објасни.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ме погледна со зачуденост но и со лутина што ме збуни.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Марката на цигарите малку ме збуни, но дури кога почнав да ги слушам неговите додворувања (ги кажуваше гласно, иако не толку јасно како жената Монолог во авионот), сфатив дека сум утнал.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„First, I want to say that I am glad to be here, in a Europian country of great cultural and historical tradition, which, appart from Hungary, is the only one where I could come without a vis. In this period of transition, when western Europe is building the silk wall between the Europian community and the Balkans. I had a chanse to pass that wall easily…by plane, of course… “
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Всушност можеби само за да ме збуни а можеби и да ме исплаши повеќе пати ми имаше спомнато дека во текот на последната војна, службите на окупаторот, слични на неговата служба, ја практикувале специјалноста да им ги корнат ноктите на затворениците кои ќе се определиле за молчењето како начин на однесување при испитувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Стариот писател го врати погледот во собата и го сврти кон мене: - Сепак, останува еден проблем што мене ме збунува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Постојат работи за кои не е корисно да се размислува, а уше подобро да не се зборува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Знаев – вели тој. – Иако во еден момент поверував дека ќе ми тргне од рака да те предомислам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Николина Кралева уште пред состанокот на кој се обиде да ме оцрни нејзе лично ѝ се доверила дека има намера да ми го сврти вниманието, ако не може поинаку тогаш и со напад, сè со цел да ме збуни и да остави впечаток.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не, не можам да му верувам на она што ме збунува – му велам на толкувачот на соништата од бараката број три.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Или можеби, само да ме збунат. – Многу си дозволуваш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека по овие негови објаснувања си ги запишав во сеќавањето зборовите корнењето нокти, потоа и молчењето како избор затоа без да го коментирам она што го рекол, во еден момент во изминатите денови бев забележал: Корнењето нокти веројатно е многу болно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Посетите имаа чуден ред, што отпрвин ме збунува, а потоа исполнува со слатко нетрпение.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Признавам, малку ме збуни, но само за миг.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Чувствував потреба нешто да искршам и тоа ме збуни, бидејќи Лу беше тоа што всушност сакав да го скршам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Колку многу ќе ѝ се налутев, да не беше тој чуден збор - инспирација, што ме збуни малку и ми ја смали лутината.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Најмногу ме збуни тој Митко со марките и зелените хартии.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)