ме (зам.) - зачуди (гл.)

Затоа не ме зачуди што на сите страни, на едно огромно пространство, се поставени објекти, невообичаени по својата форма, кои се извишуваат високо со своите куполи, инајпосле, погледот се запира на највисоката - сончевата кула.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓутоа, во Ардените најмногу ме зачуди еден факт - насекаде, се разбира, каде што за тоа имаше можности и убави природни реткости, гледав бели населби, главно распослани, по шумските пејсажи, или на полјанките, пак од сите страни заобиколени со шуми, покрај реката Урт.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Затоа ме зачуди еден гроб за чие постоење како да не знаев.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Прашалникот го пресече снимка од социјален протест поради економска криза во земјата - нешто што наедно ме зачуди и израдува.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Дури ме зачудува, како тие што ме знаат, пак се забораваат и си дозволуваат некои нешта.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Споредено со неговата саркастична мрачност, тоа ме зачуди, како нешто едвај ли не сатанско, ѓаволско.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ТРОШЧЕЈКИН: Па, знаете, мене денес ништо не може да ме зачуди.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Многу ме зачуди, оти ние, жените, во тие долги борби и маршови, ја губевме менструацијата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вечерта кога печевме класја тој ми подрече дека се плаши оти неговото присуство можеби ми пречело.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Неговиот одговор ме зачуди.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но малку подоцна, можеби само за да го дорасветли она што го рекол, Иван додаде: - Не, оваа појава и не ме зачудува толку многу.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Лично сметам дека станува збор за долго изградувана заедничка врска на мислата кај мене и онаа кај мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ми се чини дека нема да ми биде полесно да научам да се движам помеѓу луѓето - рече.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мене ме зачуди тоа што мошне непопуларната одлу­ка подо­цна се покажа како популар­на.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Колку што повеќе мислев на тоа, толку повеќе се потев - па се обидов да разговарам со тетка ми Олга додека мојата друга тетка се извини и рече дека ќе донесе нешто од другата соба "да се послужиме".
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И конечно, тоа што најмногу ме зачуди и што се покажа како кобниот фактор во мојот престој кај тетка ми, беше извонредно мекиот теписон во кој и влечките ми потонаа уште при првото стапнување во тоалетот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Откога го паметам тој е жртва на своето срце, жртва на широката руска душа, на своите заблуди, со еден збор жртва на животот кој најбескрупулозно ги користи ваквите негови слабости.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ваквото однесување на Иван Степанович воопшто не ме зачудува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)