ме (зам.) - завитка (гл.)

Ме завиткале во кожи, во кожуви и ме кренале.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме покриле, ме завиткале и сум отпливала некаде до десет часот утрото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште една ропска ноќ, со толку можности во себе за правење чудесии, си мислеше, се спушта врз мене, ме завиткува во себе, ме поплатува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сончева полава и наезда на капка роса. тој немир ме завитка во кора и ме претвори во страшлиивец кој што нема нерв за страв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)