ме (зам.) - довикува (гл.)

Маж ми, децата, понекогаш се сосема на другиот брег, а јас одвоена, заслушана во себе, од каде ме довикуваат исплашени гласови, што шушкаат како болен ехо, не давашшш љубов.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Милозвучниот глас на оваа девојка се обидуваше бодро да ме довикува низ падината и телефонската слушалка.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
На Дедо Мраз толку му требаше за да зине: - Аааа, значи ова е таа земја скриена во глобусот што ме довикува со години!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)