ме (зам.) - гризе (гл.)

Очите ми се обвиени во црно, а усните зацрвенети од копнеж по тебе, љубовта ми тече брзо низ вените и како отров ме гризе одвнатре, ме боли.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
МАЛИОТ: Тргна ја Курта, ништо нема да остане за мене…
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
КРТОВИЦА: Не ме гризете мене…
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Ме јадеа од сите страни, ме гризеа и уништуваа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Му застанала и нему главата во огнот, а тој уште си баботи: ко мед ти е кожата, вели, ко шербет ти е потта, и ме гризе, ми ги каса образите, устата, гушата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сака да се извлече... ѝ ја рашлакувам муцката... Ѝ ја затварам устата со дланките...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Гнојот од чиревите, целата крв, се размачкува, ѝ се растекува... гровта уште посилно од тато... ја стегнувам... се грчи... силна е...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Откинувам парче од мустаќите... Ме гризе, ѓубрето!... Му буричкам во дупките... 132 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Само не можам да се ослободам од прашањето што постојано ме гризе - кој е крив?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Неспокојство ме гризеше сѐ додека не ве видов ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ме гризеа црнила однатре. Се молев за грст милост.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Овдека, вели Јон, овдека нешто ме јаде, ме гризе, вели, ме тера да се чешам, да се дрпам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)