ме (зам.) - глочка (гл.)

— Ами вој палежен поас, бре! Илко, шо ал се прави, не су научена со него, ме глочка! — се пожали Доста на дебелиот појас од седум оки стари.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Наместо јас него, тоа ме јаде мене. Ме кине и ме глочка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нешто ме глочкаше на папокот, и јас ја кренав маицата: видов дека на мојот папок стои црниот пајак од младоста, брошот на мојата баба; Јан Лудвик, очигледно беше дошол од циркусот, од белиот свет, да ми го врати црниот пајак, и откако го беше испил своето питие, ја беше запечатил чашата со пајакот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ете таа несигурност ме измачуваше, ме глочкаше како камче или некое зрно што случајно ќе ви се најде во чевелот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)