ме (зам.) - врзе (гл.)

Ме смотка на дното и за корените ме врза. Тоа биле косите од стијата, а стијата стаена на дното.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
СВЕТИ ТРИФУН I Ме затворија во манастир во црква ме затворија во осама ни дождот да ме мие ни виното ни плодот на надроченото сонце под овие ридја ме врзаа за ѕидот за тулата за варот со боите на ридот со воздухот на коштаните ме врзаа млад и ме нарекоа светец а јас лозите ги сакав и очите на селските моми на гроздобер на панаѓур на сведен.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Но болничарите ме врзуваат со јаже за креветот да не можам да станам...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И користам прилика да ви напишам додека не се дојдени болничарите пак да ме врзат...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ама, бидејќи не е ниеден од нив, сите неуспеси на освојувачки план ги припишува на магиите фрлени од онаа, бившата негова („гарант ме врзала кај некој оџа“), па си бара помош и заштита кај еминентни и докажани, како оној што оди на Нова или ОБН... Милан Велики.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но, токму инаетот и таа негова глупава потреба да не се покори, подоцна ме врзаа за него, а ме оддалечуваа од Земанек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Реков дека мислам, иако за госпоѓицата, приватно, ме врзуваат искрени чувства.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И сепак те одбегнував, зашто ме плашеа честите средби со тебе, ми ја ослабнуваа волјата, ми ја смекнуваа десницата, зашто ти ми беше единствената врска со животот, а не требаше ништо да ме врзува со него.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ме врзаа и ме качија во еден од камионите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па дури се караа со оние од персоналот што имаа добиено наредба да ме тепаат и да ме врзуваат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Гледајќи како се оддалечува Чана, а никако да ѝ се смали фигурата, Пелагија се прекори себе си за лошата мисла што ѝ го жегна срцето Не, не, нашата врска е посилна дури и од онаа што ме врзува со мојата Добра!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)