ме (зам.) - возбудува (гл.)

Така, останувајќи моја постојана творечка опсесија, не остварена, незавршена, непотполна, сиве овие изминати години, тоа ме возбудуваше и тревожеше како поет и човек, станувајќи и поетска и морална обврска што мора да се одболува и да се исполни.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Ми стана мило што наидов на овој напис. Не ми зборуваше за ништо посебно, иницијалите не можев да ги поврзам со некоја личност, но ме возбудуваше дека зад Маказар стои едно изминато време, некој слој кој скржаво ми се открива.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се воодушевувам и од Мадона, но повеќе ме возбудува како личност. Нејзиниот карактер. Носител на модните идеи. Свежа и предобра за да остане незабележана.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Обредот беше фантастичен, посебно делот кога симболички телото на мртвиот се претвора во предмети кои служат за одржување во живот; тоа беше еден вид реификувана реинкарнација, и многу ме возбудуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ракијата ме фаќаше полека ама сигурно, оти сонцето биеше ужасно; некој понуди и тревка, и јас, ненавикнат на неа, во еден миг видов светлина; помислив дека таа светлина не е од овој свет, дека тоа ми се јавува Бог; беше тоа светлина виолетова, еднаква во сите свои делови, совршена, постојана, оти не беше една во едно време и инаква во друго време, ниту за едни убава, а за други грда; беше тоа светлина преподобна; помислив дека можеби веќе сум во некој друг живот, дека сум умрел и дека ми е доделено некое ново тело; верував во реинкарнација, и таа помисла ме возбудуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Одевме и јас во носниците го чувствував познатиот, за мене речиси анестетички мирис на лакот за железнички прагови; од детството тој мирис ме возбудувал, ми носел возбуда како да сум пред голем и непознат пат, ми ги опивал сетилата и ми создавал раскошни визии.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ме поткрева музиката, ме полни со скокот, ме возбудува ко порок.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од страница до страница животот на бездомничето сѐ повеќе ме возбудуваше јас полека заборавав на луѓето околу себе и се пренесував меѓу оние деца-ајдуци меѓу кои несреќно западнал Твист. Жално читав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Она што ги негираше сите правила а мене посебно ме возбудуваше беше фактот дека јас бев единствениот кој можеше да ги види.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го гледав низ прозорецот од спалната сонцето што се креваше зад планината како пламен да излегува од земјата, како огромен вулкан да избил и тоа повторно ме возбудуваше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)