ме (зам.) - вика (гл.)

За настанот не е ни важно. Некој ме вика или ми вели нешто.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не барам да ме вика маам, нека ми каже мис Милјановска..., се лутеше Севда.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Италијаните ме викаат Buttadio, латински Butadeus, а Бретонците Boudedeon, шпанците Juan Esperaen Dias.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
МАНОИЛ: Да, сакана моја! Долгот народен ме вика!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Пуштив музика да се слуша до Влае и заиграв пред публиката моја – книгите, кои ми аплаудираа и ме викаа на бис, како да сум ги напишал јас сите.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Мавтаат со раце и ме викаат.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Презимето го добив по деда си, кој - покрај мајка ми - најмногу се грижи за мене и често пред другите ме вика нагалено: „Дедово“.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Некако сум посрамен дека веќе цели три дена ме чуваат дома.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Влатко дојде да ме вика во пет и пол.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Другарите не доаѓаат да ме викаат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Е, па, затоа е тишина. Затоа никој не ме вика да појадувам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Сигурно му имаат поткажано за Ќосото та ме вика на пеење".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А бидејќи немам мустаќи ме викаат Мише Ќосото. И за вас нека бида Мише Ќосото. — Да си жив, да си жив, јунак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И си помисли: „Не, не! Никогаш веќе нема да и остава. Не Митра, ами света богородица да ме вика оттука не мрднуам.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само нека ме гибне по таа работа, лебами, ич нема да му се, плаша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Кој ме вика? - се сврте куклата и ги впери очите во темнината.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ти не ме викаш како што сум крстен, туку: „бре, море, Коте...“ Јас не сум маче та ќе ми викаш коте! (Сите се смеат и де гледаат во Котета, де гледаат во Депа).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Нешто необично се испречило пред неа штом ме вика.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И како сега помнам: еднаш, во семинаријата, додека чинев умножение на едно слово, што токму со таа буква започнуваше, и буквата наресана беше со црвена боја, како пеперутка, на почетокот од текстот, ми се стори дека буквата прета со крилјата, дека ме довикува со нозете свои блудно раширени, и јас пламнав, се вцрвив, а Писмородецот дојде и ме праша зошто не му одговарам кога ме вика.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ме затвораа во кафези, ме јадеа ѕверови, бегав од вештерки и кога се разбудив ја сетив топлата нежна рака на татко ми врз моето лице и неговиот загрижен глас што ме викаше по име.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Но јас сум среќна бидејќи го работам токму она што го сакам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се жалат дека треба да излегувам почесто и дека сум ја запуштила личната хигиена.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Децата ме викаат, но веќе не доаѓаат на посета.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Секогаш ми префрлаат поради начинот на живот што го избрав.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ме викаа. Ме плукаа, но ништо не слушнав од непознатиот вокабулар на нивните погани усти...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
- Ене го, вели Здравко, ме вика. Не те чекам повеќе, вели, или идај или врати се, ми вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не си се препознала, вели Стојна, туку сега ме викаат Велјаница Пармакоска. По мажот ми, Велјана, вели. 220
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го гледам ме вика со прстот. Потрчувам и, трчајќи ми иди да му бацам рака, да го бацам в чело, на полите од шинелата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И мајка ми како мала ме викаше „моја мала воденица која никогаш не престанува да меле“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Претпоставувам дека ме викале забла, но сигурно никој не се осмелувал да ми го плесне во лице.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Луѓето од Шумшул –град ме почитуваат и ме викаат дедуле.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Еднипати ми доаѓа неговиот глас од Голема Река, го слушам каде што ме вика и трчам по него, одам да го барам...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога ме викаа другачките, со стомните излегуваше баба ми - Јаглика наша глуждот си го шинала, брзајќи кокошките да ги нарани!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Не ме вика да одам назад во болницата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Па, ако сака нека не ме вика, бре!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега ме пречека овдеа ѕгора со пагурчето и ми рече да бида азар за вечер, ќе ме викал да венчам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На крајот сум!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И ич не сум добро всушност!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Гледам еден морнар што ме вика... тоа ме оладува...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Јас сум господине, - се побуни Шишман, објасни:- Дека Шишман ме викаат, затоа не сум тој.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- А зошто ме вика?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
– „Шоана, али навистина е ова, али на соне; види сега и децана да ме познават и на име да ме викаат, чудна оваа работа ќе биде; ај да видиме Господ што ќе каже“, си велел сам во себе и влегол у човекот дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ми ја соблекоа униформата и почнаа да ме викаат смрдлив славофон.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ете, тоа го велам јас, лудиот Пандо - гробарот, како што ме викаат...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Му се дожали на татка му што му е детето така невесело и сожално го прегрна Мартин тој час удри да плаче, да се тресе целиот и одвај да вели: - Тате, сладок тате... децата... децата... јатаче ме викаат...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Лидија ме вика Зоран, - рече и се насмеа, а веднаш потоа праша: - Зошто ме гледате така?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Зошто ме викаш така? – праша тој збунувајќи се уште повеќе.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Четвртиот бев јас. Другарите ме викаа Јоле Дедин.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Презимето го добив од деда си, кој едноставно се грижеше за мене и кој често нагалено ме викаше: „Дедино“.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
ТЕОДОС: (Го затнува носот.) Доста, доста! И потаму! (Се трга назад, тихо.) Скот! (Гласно.) Ти си — недокрстен!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: Ме викаат Поцко, а кумот ме крстил Апостол.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кога стадото замечтано од ливадата зачудено ќе ме погледне а малото овчарче ми мавне со раката Таго на детството напуштено Тоа ти ме викаш назад во своите сонливи длабочини.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Морам да кажам дека ме вика Кока, со што намига на фактот дека се викам Питер.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ушите ми свират и слушам: некој од некаде ме вика, некој од некаде ми се оѕвива. Постојано зборувам со некого, а немам јасна вистина за ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме вика по нумер, по бројот на облеката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Па, кој си? - Ме викаат Дедо Мраз.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ме викаат Добре. Добре, најдобриот човек на светот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Така ме викаат другите, ама јас не се согласувам со додавката на моето име, оти мислам не сум толку добар и не ќе бидам добар до колку не им угодам на прекрасниве суштества, што сум ги создал, а нема со кого да играат...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Како се викаш? - Василка, а дома ме викаат Циљка...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А баба ми ме викаше и Прле на баба, затоа што газето не ми држеше и затоа што истиот ден кога јас сум се родил, во ливадата, тетеравејќи се на слабникавите нозе, се залула и по неколку минути потрча младото прле - магаренцето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
КИРО: Слушај! (Пауза) Некој ме вика!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
МАТЕЈ: Мамо! СОЊА: Ме вика. БОРИС: Те викал и другпат, па не си доаѓала. (Ја истуркува Соња надвор. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Па, таа мене ме вика внучко, а јас нејзе бабо, - тивко, и со наведната глава одговори тој.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во селото се правеа многу свадби и ме викаа да помагам, одев и кај роднини и кај јабанџии да им помагам, зашто многу убаво го месев лебот, посебно убаво месев мајалник – наутлија, тоа го научив од стрина ми Риска.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Алакерим. Султана чок јаша!“ „Нијаз чауш ми рече дека си ме викал, вели пашо“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Името ми е Сандри, ама ме викаат ибн Тајко, по татко ми”, рече некако покорно Сандри, опчинет.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се јави по телефон и вели: - Биси – таа така ме вика – имам идеја!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Полека ма, дадо (таа мене така ме вика), ќе ми ја откорнеш раката!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ај дојди, сама сум, ќе смислиме нешто, заедно ќе нѝ биде поинтересно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Види како ме изгребаа грмушките, немој толку брзо, не можам да те стигнам!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нешто необично се испречило пред неа штом ме вика.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Тато! Тато! Дојди! - ме вика Весна. Одам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)